Музичкото училиште „Ристо Јуруков“ го одбележа патрониот празник

Со концерт на наградените ученици од државните и меѓународните натпревари и настапи на хорот, наставници и на оркестарот од традициски инструменти,  Основното музичко училиште „Ристо Јуруков“ го одбележа патрониот празник – 67-годишнината од своето постоење и 96. роденден на неговиот основач, професорот Јуруков.  

Директорката на училиштето Марија Лазарова го истакна задоволството од континуирано високите резултати што ги покажуваат учениците на натпреварите, што  на ОМУ „Ристо Јуруков“ му дава значајно место во музичкото образование и култура во општината и пошироко.

На одбележувањето на патрониот празник, ученикот Никола Илиев беше прогласен за првенец на генерацијата, за што училиштето го награди и  му заблагодари за постигнатите успеси и резултати.

Сподели: