Советничка група на СДСМ :СТОП за зголемување на трошоците и услугите на граѓаните на Општина Кочани!

Почитувани сограѓани,

Градоначалникот Папазов и директорот на КЈП Водовод, Антонио Паунов, бараат покачување на тарифата за снабдување со вода за пиење, канализација и прочистување на отпадни води. 

Зошто? Затоа што тендерот за времени партиски вработувања го потрошивте уште во месец март годинава?

Во време на светска економска криза, кога Владата предводена од СДСМ, обезбеди поефтина електрична енергија за јавните комунални претпријатија, градоначалникот Папазов и директорот на КЈП Водовод – Антонио Паунов сакаат да ги поскапат услугите за граѓаните.

Во овие кризни моменти со кои се соочува нашата држава, способност на локалната власт да се избори за нашата Општина и да не ги зголеми трошоците врз граѓаните – НЕ ПОСТОИ!

Единствено нешто што ги интересира се партиските вработувања.

Малку беа 70 милиони денари загуба од минатата година, за да во првиот квартал од оваа година продолжат со истото темпо односно со загуба од 8 милиони денари.

Замачкување очи, себичност и манипулативни игри е единственото со кое може да се пофали ДПМНЕ во изминатиов период.

Бидејќи актуелниот директор нема доблест да си поднесе оставка, бараме градоначалникот овој пат да постапи совесно и за доброто на сите граѓани на Општина Кочани, и веднаш да го разреши од функцијата директор.

Со почит,

Советничката група предводена од СДСМ и коалицијата.

Сподели: