Кочанските пензионери најтрофејни

НА 27-ТЕ РЕГИОНАЛНИ СПОРТСКИ ИГРИ НА ПЕНЗИОНЕРИТЕ ОД ШЕСТЕ ОПШТИНИ ВО РЕГИОНОТ, ЗП КОЧАНИ ОСВОИ НАЈМНОГУ ПРВИ И ВТОРИ МЕСТА, СО ШТО Е НАЈУСПЕШНО ЗДРУЖЕНИЕ. СВОЈАТА ДОМИНАЦИЈА ЈА ПОТВРДИЈА ФУДБАЛЕРИТЕ И КОШАРКАРИТЕ, АТЛЕТИЧАРИТЕ …

Здружението на пензионери од Кочани и годинава учествуваше на 27 по ред пензионерски спортски игри што се одржаа во Делчево, каде се натпреваруваа спортисти од шест здруженија во регионот. Постигнатите резултати се мошне добри и се на задоволително ниво, оценува Претседателот на Комисијата за спорт при ЗП Кочани, Крале Спанчевски.

Победниците по дисциплини обезбедија учество на Републичките спортски игри, каде кочанските пензионери играат значајна улога и освојуваат медаљи и дипломи.

Сподели: