Заштита на лозјата од пепелница и пламеница

ЛОЗЈАТА СЕ НА УДАР ОД БОЛЕСТИ ПО ЧЕСТИТЕ ВРНЕЖИ, ЗАТОА СТРУЧЊАЦИТЕ ПРЕДЛАГААТ СООДВЕТНА ЗАШТИТА ПРОТИВ ПЛАМЕНИЦА И ПЕПЕЛНИЦА. ПРАВОВРЕМЕНАТА ЗАШТИТА ЗНАЧИ КВАЛИТЕТЕН И БОГАТ РОД

Согласно спроведениот инспекциски надзор за утврдување на здравствената состојба на лозовите насади, во сите вински региони во државава, ДИЗ не информираше дека кај повеќето има појава на болестите пламеница и пепелница. Станува збор за економски штетници кои се честа појава особено во услови на зголемена влага, а во мометов климатските услови се многу погодни за ширење на болеста.

Пламеницата на лозата е болест која редовно, секоја година се јавува и причинува помали или поголеми штети. Таа ги напаѓа сите зелени делови на лозата: листовите, ластарите, цутовите, гроздот и гроздинките. Идеалните услови за развој на пламеницата се предизвикани од врнежливиот период, што доведува до губење на квалитет и на принос во лозовите насади.

Од тие причини, Министерството заедно со АПРЗ подготвија насоки за земјоделците со препорака со кој препарати треба да се третираат лозовите насади за да се спречи ширење на болеста и да се минимизираат загубите. При тоа, различни сорти се во различен вегетативен период, некој почнуваат да цветаат а другу веќе прецветуваат. Поради тоа, препораката од АПРЗ опфаќа решенија за заштита за двете фази, а лозарите самите треба да одберат со кој препарат ќе ги третираат лозјата соодветно на вегетативната фаза на сортата која ја одгледуваат

Во периодот пред цветање и за време на цветање на лозата: Против пламеницата да се употребуваат: Артемил комби и Ридомил комби – котактно + системично дејство и други, Против пепелница: Фоликур + Сулфур и Еминенг + Сулфур – комбинација и други.

Во период после цветање на лозата: Против пламеница се употребуваат Емендо Ф – системик Артемил комби и Ридомил комби – системик. Против пепелница: Колис + Сулфур и Динали + Сулфур – комбинација

Сподели: