Реките се излеваат, поплавени дворови и ниви

Честите и на моменти обилни врнежи од дожд вчера и денеска веќе предизвикуваат посериозни проблеми по течението на реките и во поедини села во рамничаркиот дел од општината. По коритата на помалите реки, Кочанска, Оризарска, Осојница, Зрновска денеска се измерени по 4 до 7 м3 вода во секунда, која кога ќе се слее во Брегалница прави во неа да течат помеѓу 40 и 50 м3 вода во секунда, што е мошне сериозна количина. Од тие причини, таму каде коритото е стеснето, доаѓа до излевање и поплавување на поголеми површини земјоделско земјиште

Денеска поплавени дворишта пријавија жителите на Облешево, каде мештаните поставуваат земјени и други барикади за да се одбранат од надојдените води. Таму во текот на денов престојуваа екипи на Водостопанство Брегалница кои интервенираат на најкритичните места. Од јавното претпријатие ја следат ситуацијата и со Акумулацијата Калиманци, која сеуште одолева да не се прелее. Што се однесува до реките сите зафати се урнати, за водата да остане во коритата.

Поради најавите за нови врнежи, жителите на селата од рамничарскиот дел нема мирно да спијат претстојната ноќ.

Сподели: