Дефект остави без вода голем дел од градот

Втор ден голем број граѓани на Кочани мака мачат како да преживеат без вода во домовите поради прекин во водоснабдувањето предизвикан од дефект на една од главните цевки на мрежата. Дефектот се случил за миг, во саботата, по обилните врнежи и пороите, а поправката ќе трае со денови, едно поради проблематичниот терен, а друго поради несоодветната опременост на екипите за брзо и ефикасно дејствување.

Вчера, а особено денеска социјалните мрежи вријат со коментари поврзани со дефектот и проблемите што ги имаат граѓаните поради сувите чешми, празните бојлери и нефункционирањето на тоалетите, машините за садови и алишта. Поединци се обраќаа и до медиумите за да дојдат до информација дали и кога дефектот ќе биде отстранет. Особено загрижени се повозрасните кои тешко доаѓаат до вода за основните хигиенски потреби, бидејќи нема кој да им донесе, а во некои колективни згради веќе се чувствува непријатна реа.

Сподели: