КЈП Водовод : Саниран дефект и нормализирано водоснабдувањето
Ги информираме водокорисниците дека откако беше детектиран дефектот на главниот цевковод за висока зона дежурните екипи на КЈП “Водовод” – Кочани излегоа на терен и во најбрз можен рок го санираа настанатиот дефект.
Поради овој дефект, неколку часа без вода останаа следните улици: “Пиринска”, “Бел камен”, “Охридска”, “Први мај”, “Марко Цепенков”, а исто така без вода за пиење беа и населбите Бејрут, Калиманова глава и Варница.
По санирањето на дефектот водоснабдувањето до крајните корисници е нормализирано и до истите во моментот непречено се испорачува вода.