Расчистување во градската депонија

КЈП “Водовод” Кочани во соработка со Општина Кочани во наредните неколку денови интензивно ќе работи на целосно расчистување на Градската депонија и пристапот во внатрешноста.

За таа намена е ангажирана соодветна механизација од приватна фирма која до целосното расчистување на депонијата ќе остане таму.

Поради тоа што станува збор за огромни количини на комунален отпад, смет и градежен шут и секакви други отпадоци беше потребно ангажирање на дополнителна механизација која КЈП “Водовод” Кочани во моментов ја нема на располагање.

Истовремено апелираме до граѓаните кои ќе изнесуваат отпад за време на викендот на Градската депонија да го почитуваат воспоставениот ред и распоред на одложување на отпад во внатрешноста на депонијата.

Сподели: