Виница го слави Павловден

Со свечена седница, на која беа доделени награди за најдобрите ученици, и науспешните поединци во полицијата, противпожарната служба, здравството, културата и спортот, Виница го заокружи празнувањето на денот на градот Павловден. Непосредно по завршување на седницата, Градоначалникот Миле Петков изјави:

Со многу манифестации и настани и годинава го славиме денот на Виница, Павловден, доделувајќи награди и признанија за најуспешните во своите сектори и професии. Ја користам оваа прилика на граѓаните на Виница да им го честитам празникот.

Инаку, во рамки на Павловденското празнување денеска се одржаа повеќе верски, музички и други манифестации, кои го привлекоа вниманието на Виничани.

Во текот на денот беше реализирана и празнична акција за крводарување на која се одзваа голем број крводарители, со што е даден уште еден придонес кој Виница ја прават општина рекордер по крводарување во државата и најхумана по тој основ.

Сподели: