Свечено пуштена во употреба бензинската станица на Лук Оил

Денеска покрај експресниот пат за Штип, во близина на Кочани, свечено беше пуштена во употреба новата и модерна бензинска станица на Лукоил, изградена и опремена според најсовремени стандарди. На осветувањето на бензинскиот комплекс и свеченото отворање, покрај голем број гости и деловни партнери, градоначалникот на Општина Кочани, Љупчо Папазов, присуствуваше и неговото Високопреосвештенство, Митрополитот Брегалнички г. Иларион, во сослужение со свештеници од кочанскиот црковен храм „Св. Ѓорѓи“.

Бензинската станица всушност е современ комплекс изграден според корпоративниот стил на компанијата, која е препознатлива по висококвалитетните горива ЕКТО, познато по својата економичност и подобрените еколошки својства. Располага и со исклучително квалитетен ТНГ- автоплин, како и со широка лепеза на масла од палетата на ЛУКОИЛ.

Бензинската станица во Кочани, која е 36-та по ред во земјава, поседува простран паркинг за возила, модерна летна тераса и беспрекорно снабден и уреден маркет.

Сподели: