Во првото коло „Осогово“ домаќин на „Беса“

ГФК „Осогово“ претстојниот викенд нема да игра контролен натпревар, поради откажувањето на екипата на Тетекс, која прво прифатила да гостува во Кочани, а во последен момент побарала жолто-сините да патуваат во градот под Шара. Тоа значи дека наместо натпревар, осоговци ќе одработат тренинзи со цел воигрување на екипата.

Денеска се извлечени и двојките за првото есенско коло во Втората лига, кое започнува на 12 август, односно наредната сабота. Осогово ќе стартува на свој терен и пред своја публика во дуел против екипата на Беса, која е староседелец меѓу второлигашите.

Сподели: