Наместо процентуално, линеарно зголемување на пензиите од 3.600 денари

Самоиницијативно, голем број пензионери од Кочани и околните општински центри, утрово се собраа пред објектот на Здружението на пензионери од Кочани, каде го изразија незадоволството поради најавеното зголемување на пензиите од 6 проценти, за сите категории на пензионери, за кое сметаат дека е неправедно.

На протестниот собир е формиран Иницијативен одбор кој ќе ги организира и процесуира активностите, со цел истите да стигнат до надлежните. За претседател на иницијативниот одбор е избран Благој Беќарски.

Членовите на иницијативниот одбор го усвоија барањето за линеарно зголемување на пензиите за сите пензионери со износ од 3.600 денари. Притоа, кочанските пензионери им се придружуваат и ги поддржуваат сите пензионери во државата кои низ протести, го поддржуваат барањето за линеарно зголемување на пензиите.

Сподели: