Мини хидроцентрала, макси копања

Се тресеше гората, се роди глувче, вели една народна, која слободно може да се примени и со протестите против изградбата на минихидроцентрала на Мала река. „Горе“ механизацијата ја прекопува планината во самата клисура, без некој да контролира што е дозволено, а што не.

Првото пречекорување на дозволените градежни активности е во исфрлањето, односно трупањето на огромни количини земја и карпи на две локации, чии стрмнини се спуштаат кон езерото. Тоа што е затрупан пат и и што се потрупани дрвја, никој како да не го засега. На некој како да му се брза само да ја изгради хидроцентралата, како да таа ќе го спаси Кочани од енергетската криза.

Сподели: