Колкумина можат да си купат диња, круша, пипер …?

Власта се фали дека ја зголемила куповната моќ на граѓаните. А од вселената се гледа дека се зголеми само продажната моќ на малубројните земјоделци кои останаа во градините. Денеска килограм обичен благ зелен пипер се продаваше на две тезги кај покриениот пазар, а цената европска – 80 денари. Необичниот, везен и лут, чинеше неверојатни 120 денари за кило. Тоа значи дека еден работник со 250 евра плата, или пензионер со 200 евра пензија, месечно добива колку за сто и нешто килограми пипер.

Таканаречените домашни домати, или по наше патлиџани, имаат цена од 60 до 80 денари за килограм. Уште пофрапантни се цените на дињите, едно се 60 денари, а други 100 денари за килограм. Лубениците по краткотрајните 20, се врати на 25 денари за килограм. А вистински луксуз се кајсиите и крушите со цени од 120 до 150 денари. Ги прашал ли некој граѓаните кога последен пат купиле од ова овошје.

Сподели: