КЈП „Водовод“ со нов директор

Тоа што во одредени локални кругови се најавуваше уште пред две седмици, денеска е реализирано. Советникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Перо Георгиевски седна во жешката директорска фотеља на КЈП Водовод, на местото на досегашниот в.д. директор Антонио Паунов. Трансферот на примопредавањето на директорската функција е извршен во присуство на градоначалникот Љупчо Папазов.

Новиот в.д. директор во КЈП „Водовод“ непосредно по потпишувањето на менаџерскиот договор, излезе на терен за да започне со решавање на натрупаните проблеми, промовирајќи се на тој начин како сериозен кадар кој ќе настојува да ја оправда довербата и да одговори на комплексниот предизвик.

Сподели: