В сабота, „Осогово“ домаќин на „Беса“

На два дена пред стартот на првенството во единствената втора лига, во таборот на ГФК Осогово“ расте притисокот и атмосферата од првиот сериозн предизвик, гостувањето на Беса на градскиот стадион Никола Мантов во Кочани. Жолто-сините беа во ситуација за триесетина дена да ги мобилизираат сите расположиви сили за што поподготвено да му излезат на мегдан на поискусниот противник, и да се обидат да ја остварат целта, а тоа е освојување на првите три бода во второлигашката конкуренција. Надежите базираат на искуството на новиот шеф на стручниот штаб, но и на желбата на секој фудбалер, првенството да се започне со поволен резултат.

Иако квалитетот на второлигашите, посебно тие што ќе имаат за цел опстанок во лигата, не е познат, за очекување е дека секој клуб ќе се престројува во од, за да се биде конкурентен за крајниот позитивен исход. Во таква ситуација, Осогово можеби е во потешка состојба од другите, прво поради ограничените средства, а второ и поради неискуството, бидејќи до пролетта играше во Третата лига и главно со млади фудбалери. Раководството на клубот не реализира некаков сензационален трансфер на звучно име за овдешни прилики, па сега акцентот на колективната игра и максималното залагање. Колку тоа ќе ги даде посакуваните резултати останува да се види од коло во коло, по што многу нешта ќе станат појасни.

Покрај Осогово-Беса, в сабота уште играат: БАШКИМИ – ОХРИД Лихнидос, ПОБЕДА – ТЕТЕКС, дербито е во Струмица, помеѓу БЕЛАСИЦА – ПЕЛИСТЕР, НОВАЦИ – АРСИМИ, КАМЕНИЦА САСА – СКОПЈЕ,  ДЕТОНИТ Плачковица – ВАРДАР Неготино и КОЖУФ – КАРАОРМАН

Сподели: