Љубинка Донева, кандидат за „Антево перо“

Жири-комисијата во состав, проф. д-р Весна Мојсова Чепишевска (претседател) и д-р Атина Цветаноска и Жорж Поповски (членови), ги селектираше 12-те збирки поезија, кои се во трка за престижната книжевна награда !Антево перо“. Меѓу нив е и збирката на нашата сограѓанка, професор по Македонски јазик и литература, Љубинка Донева, со шифриран наслов „Монолог на пирејот“.

Покрај Донева, во конкуренција се уште 11 поетските збирки под шифри, Magna Mater – „(Ре)инкарнација“, Александар Русјаков – „50 испеани приказни“, Ирена Павлова де Одорико – „Царски рез“, Елизабета Дончевска Лушин – „(не)ПРИПИТОМЕНА“, Коста Бојчески – „До дното“, Љубинка Донева – „Монолог на пирејот“, Милена Сиљаноска – „Болопадание“, Кирил Ангелов – „сновиденија“, Александра Спасеска – „Координати на болката“, Стела (Маја) Босилковска – „Невидлива е војната“, Томе Липовски – „А што да речам“ и Ѓорги Калајџиев – „Петна“.

Сподели: