И кочанските пензионери на протест во Скопје
Кочанските пензионери масовно се одзваа на денешниот протестен марш од Паркот на Револуцијата до Здружението на пензионерите на Општина Кочани, преку кој го изразија своето незадоволство од актуелните состојби во кои се наоѓаат поради крајно нискиот стандард, кој не им овозможува пристоен живот. Со транспаренти на кои меѓу другото се бара линеарно зголемување на пензиите од 3.500 денари, пензионерите продефилираа во центарот на градот. На собирот пред Здружението на пензионерите, претставник на иницијативниот одбор, пред присутните и медиумите, ги прочита барањата, со кои кочанските пензионери ќе се појават и на Генералниот протест закажан за 14.август во Скопје.
Основното барање е линеарно зголемување на пензиите за 3.500 денари, а се бараат и други форми на помош за најзагрозените пензионери во сферата на исхраната, грејната сезона и задравствените услуги.
Во меѓувреме претставници на Иницијативниот одбор официјално побараа Здружението на пензионери да ги покрие трошоците за автобуски превоз до Скопје и назад, но им беше одговорено дека претседателката сама не може да одлучува и дека нема услови за такво нешто.
Иницијативниот одбор донесе одлука одреден број на пензионерина од Кочани, на 14 август, (Понеделник), да учествуваат на генералниот протест во Скопје. Обезбеден е еден автобус со 50 седишта, кој ќе тргне од пред Основниот суд во Кочани, во 8 часот, за пензионерите кои први ќе пристигнат на зборното место.
Покрај тоа, Иницијативниот одбор апелира до пензионерите кои сакаат и се во можност, да се приклучат кон протестот, да се организираат самоиницијативно и на сопствен трошок, за да патуваат до Скопје и назад.
Протестот во Скопје е со почеток во 11. Часот.