ФА „Љупчо Сантов“ перфектен во Црна Гора

Фолклорниот Ансамбл Љупчо Сантов од Оризари од 23-ти до 27-ми учествуваше на III-от Меѓународен детски фолклорен фестивал „Коло Без Граница“ во Тиват, Црна Гора, како единствени претставници од Македонија. За време на фестивалот младите фолклористи остварија бројни атрактивни активности кои ќе ги паметат цел живот:
На  24-ти август имаа дефиле и настап во Порто Монтенегро, а потоа слободно време за плажа на прекрасниот јадрански брег,
На 25-ти август беше организиран прием кај градоначалникот на општина Тиват, потоа учество на Игрите без граница, каде што беа прогласени за најдобри и добија пехар. Како победничка играорна група, засадија дрво во паркот во Тиват, каде беше организирана и работилница со учење на црногорски ора. И повторно имаа слободно време за уживање на плажа,
На 26-ти август домаќините организираа крстарење со брод низ Бокакоторскиот залив, по што следуваа дефиле и гала музичко фолклорна вечер, како и определено слободно време за дружење со збратименото КУД Бијела од Бијела, Херџег Нови.
Ансамблот престојуваше во најубавиот град во светот Котор, според истражувањата на познатиот британски магазин „Тајм аут“.
По завршувањето на гала концертот, доделувањето на благодарници и затворањето на фестивалот, Ансамблот имаше ноќевање во ски центарот Вучје, во близината на Никшич.
На 27-ми јуни заедно со пријателите од Никшиќ и Бијела, Херцег Нови, беше организирано уште едно крстарење и разгледување, овој пат на Пивското езеро во Плужине. Токму во Плужине е потпишан мемурандум за соработка (повелба за пријателство и збратимување) со Јавната Установа Образовен центар Плужине.
Во предвечерието на големиот Христијански празник Успение на Пресвета Богородица го посетија манастирот Св. Василиј Острошки на Острог.

Активностите на Ансамблот продолжуваат со учество на: – Фолклорн смотри 2023 – СОФАМ Источен регион на 10-ти септември.

на 38-то издание на МФФ Истибањско Здравоживо на 13-ти септември.
а од 21-ви до 24-ти септември ќе учествува на 7-от МФФ во Игало, Херцег Нови, Црна Гора.

Сподели: