Делегации положија свежо цвеќе по повод 7 Септември, Денот на ослободувањето на Кочани и 8 Септември, Денот на независноста на Македонија
По повод 7 Септември, Денот на ослободувањето на Кочани и 8 Септември, Денот на независноста на Македонија, делегација составена од градоначалникот на Општина Кочани Љупчо Папазов и членови на Советот, од Сојузот на Здружението на борците од НОВ, како и партиски делегации положија свежо цвеќе на Споменикот на слободата и на бистите на Љупчо Сантов и Раде Кратовче во Паркот на Револуцијата.
По тој повод, градоначалникот на Општина Кочани упати честитка кон граѓаните во која се вели:
„Почитувани сограѓани,
7 и 8 Септември – ослободувањето на Кочани и независноста на државата – се два големи датума за историјата на Кочани и на Македонија, датуми кога се потсетуваме на нашето историско минато.
Денес е денот кога се навршуваат 79 години од ослободувањето на градот Кочани од фашистичките окупатори, ден за да се заблагодариме на луѓето заслужни за денешната слобода која ја уживаме и да се потсетиме за обврските што стојат пред нас.
Огромно е задоволството што градиме и се бориме за подобар живот во нашата слободна и самостојна општина и држава.
Нека ни се честити празниците, 7 Септември, Денот на ослободувањето на Кочани и 8 Септември, Денот на независна и суверена Македонија!“