Громорозно убиство во Кочани- Маж со убоди од нож убил 43 годишна жена
Утрово кочанчани ги разбуди веста за големата трагедија која се случија на улицата Страшо Ербапче ,каде 56 годишен маж со над 40 убоди од нож убил 43 годишна жена. Убиството се случило утрово околу 6 часот откако по претходна расправија на жената и биле нанесени убодни рани при што починала на лице место.
Настанот во Итната медицинска помош го пријавиле соседите откако се разбудиле од силната расправија помеѓу мажот и жената.
Според неофицијални информации, убиецот го оставил безживотното тело на жената, го признал делото и веќе е лишен од слобода.
Од Секторот за ватрешни работи го потврдија случајот, а со повеќе информации ке излезат во текот на денешниот ден.