Утре започнува 32.манифестација „Денови на кочанскиот ориз„

32. манифестација „Денови на кочанскиот ориз“ официјално започнува од утре, 29 септември.

Манифестацијата ќе започне во Градскиот парк со музички настап на бендот Nomad во 17 часот, во 19 часот ќе настапи театарската група Fireter со уличен театар и огнено шоу, ќе биде крунисанана жетварската убавица и официјално ќе биде отворена манифестацијата.

Првата празнична вечер ќе нѐ забавува кочанскиот бенд Malinov&Special Selection во 20 часот.

Манифестацијата ќе трае од 29 септември до 1 октомври.

Сподели: