По првата домашна, прва и гостинска победа

„Осогово“ – „Новаци“ 2:1 полувреме 1:0. Победа која им ги разгали срцата на љубителите на фудбалот во Кочани, токму во време кога сите се посомневаа во можностите на оваа млада и неискусна екипа. Тоа што го започнаа против Беласица, кога ја совладаа со 3:1, „жолто-сини“ го продолжија и против Новаци, борба за секоја топка.

„Осогово“ поведе во во 30’ со голот на Драган Паунов, кој го искористи одличното проигрување од Тоше Манов и биеше присебно и прецизно за голема радост. Половина час подоцна од натпреварот, повторно убав пробив на Тоше Манов по левата страна прецизно проигрување кон Лука Георгиев, кој рутинирано ја смести топката во мрежата на домашниот голман.

Се што успеаја да направат фудбалерите на Новаци, е да го намалат резултатот во 73 минута, иако до крајот се обидуваа да го искористат моментумот по постигнатиот гол, но осоговци добро и организирано се бранеа и ја одбранија првата гостинска победа во второлигашката конкуренција. .

Еве ги резултатите од другите натпревари во ова 7-мо коло: рековме „Новаци“ – „Осогово“  1:2, „Беласица“ – „Охрид“  0:1, „Каменица Саса“ – „Победа“  2:1, „Детонит Плачковица“ – „Башкими“  7:0, „Кожуф“ – „Тетекс“  3:4, „Караорман“ – „Беса“  0:2, „Вардар“ (Н) – „Пелистер“  0:1 и „Скопје“ – „Аресими“  1:0

Сподели: