Првачињата од Кочани станаа членови на Детската организација
На свеченоста во Градскиот парк во Кочани, првачињата од основните училишта од Кочани станаа членови на најмасовната меѓународна организација – Детската организација.
Учениците од повисоките одделенија од основните училишта од Кочани на првачињата им приредија забавна програма, посакувајќи им добредојде во Детската организација, а најмалите ученици ги поздрави и градоначалникот на Општина Кочани Љупчо Папазов.
Традиционално, приемот на децата во Детската организација се реализира првата седмица од октомври, која е прогласена и за Недела на детето во сите држави членки на ООН, а годинава се реализира под мотото „Јас и светот околу мене“.