Центар за јавно здравје Кочани со информација за имунизацијата против сезонски грип
Директорот на ЦЈЗ Кочани,Гоце Серафимов денеска излезе со соопштение до граѓаните на општината дека во тек е имунуизација поротив сезонски грип. Обезбедени се четворовалентни вакцини Инфлувац тетра кои делуват кон доминатините подтипови на грип од претходните сезони. Пријавувањето е исклучиво преку порталот вакцинација.мк кој генерира термин во одреден пункт.. И оваа година со програмата е опфатена бесплатна имунизација на стари лица над 65 години, деца, трудници и пациенти со хронични заболувања . Ве молиме придржувајте се кон термините со што ке се избегне непотребна гужва во нашите амбуланти.
Покрај бесплатните и оваа година се обезбедени и комерцијални вакцини кои чинат 700 денари за секое лице кое не е опфатено со програмата а сака да се заштити од сезонскиот грип. За ова може да посетите било кој наш пункт каде веке се дистрибуирани вакцините.
Со вакцинирање против сезонскиоит грип се вклучувате дирекно во борбата против оваа болест и допринесувате кон нејзино сузбивање која со години зема се поголем и поголем замав..