11 новозаразени со КОВИД-19 од Кочани се регистрирани во последните 24 часа.

Денеска во Кочани се регистрирани 11 новозаразени со КОВИД 19 и 8 оздравени, информираа предмалку од Министерството за здравство. Во последните два дена бројот на заразени лица се искачи на 21, а бројот на активни случаи заразени со КОВИД 19 изнесува 198.

Од направените 2367 тестирања, во државата се регистрирани 518 нови случаи на КОВИД 19 , а Институтот за јавно здравје регистрираше 200 оздравени пациенти.

Починати се девет лица на возраст од 36 до 72 години.

Сподели: