Вечерва почнува зимското сметање на времето

Со поместување на часовникот за еден час наназад, од ноќва почнува зимското сметање на времето, со што времето во 3 часот ќе се смета како 2 часот. Одлуката за денот и моментот на воведувањето и денот и моментот на завршувањето на летното сметање на времето во 2020 година е објавена во „Службен весник на Република Северна Македонија“ број 79, од 26 март.

Освен кај нас, зимското сметање на времето ќе го применат и поголем дел од европскиот континент, освен во Исланд, Русија и Белорусија.

Зимското сметање на времето почнува секој последен викенд во октомври и трае до последниот викенд во март следната година, кога повторно настапува летното сметање на времето.

Сподели: