Информација од КЈП „Водовод„Кочани

Во рамките на една од програмите на германската непрофитна организација Engagement Global , делегација од Општина Кочани имаше можност да земе учество во проектот за локална размена помеѓу С.Р. Германија и Р. Македонија, којшто се спроведува од организациската членка на Engagement Global , Сервисната агенција – општини во еден свет (SKEW – Servicestelle Kommunen in der Einen Welt), а во име на Сојузното министерство за економска соработка и развој на Германија.

Целта на проектот е стручна размена на искуства и практики за развој и зајакнување на капацитетите на локалнaта соработка во постигнувањето на глобалните цели за одржлив развој од Агендата 2030 на Обединетите нации, како и политиките од Зелената агенда на ЕУ за Западен Балкан.

Делегацијата од Општина Кочани имаше чест и задоволство да оствари посета на градот Кастроп-Рауксел Castrop-Rauxel.de во германската покраина Северна Рајна-Вестфалија.

При тоа, главен фокус на стручната посета беше локалното комунално претпријатие EUV Stadtbetrieb Castrop-Rauxel AöR, каде што остваривме средба со директорот Мајкл Вернер и имавме прилика да се запознаеме со сите аспекти на функционирање на претпријатието и спроведување на процесите за управување со комуналните услуги.

Исто така, во регионот беа посетени и неколку други економски субјекти од областа на менаџментот на води и се изврши увид на реализирани инфраструктурни проекти за економски развој, заштита на животната средина и одржлив туризам во наведената област.

Сподели: