„БМВ“ паднало во провалија – 4 повредени
Ноќеска, нешто по еден часот се случила тешка сообраќајка на регионалниот пат Кочани- Пониква, во непосредна близина на одморалиштето, односно на делницата помеѓу месноста Аеродром и централниот паркинг.
Во сообраќајката учествувало едно патничко моторно возило марка „БМВ“ со штипски регистарски ознаки, управувано од деветнаесетгодишниот Н.И. од с.Карбинци. Според изјава на очевидци, кои учествувале во спасувањето на повредените, до несреќата дошло откако возачот изгубил контрола над озилото, поради голомразица, кое прво удрило во едно од старите стебла покрај патот, по што излетало од коловозот и паднало во провалија. Следувала брза реакција на екипите на Брза помош. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот, а со телесни повреди се здобиле сопатниците И.М.(21) од с.Карбинци, М.К.(18) и А.Ј.(20), двете од Штип, констатирани во Општата болница Кочани, соопштија од МВР.
На местото на несреќата бил извршен увид од увидна екипа од Полициската станица во Кочани.