Дефанзивец и два голмана во ФК „Слога“

ФК Слога 1934 продолжува со потрагата и ангажирањето нови фудбалери со цел во пролетната полусезона да стигне до првото место во Третата лига Исток, и да се доведе во ситуација преку бараж да избори место меѓу второлигашите. На радарот на управата на виничани се повеќе квалитетни фудбалери, од кои со неколкумина е постигнат договор напролет да го облечат црвениот дрес. Најновото соопштение од клубот го потврдува ангажманот на искусните голмани Филип Лазаревски и Драган Мишовски, од кои првиот доаѓа од ФК Кадино, и има настапувано за Воска, Скопје, Работнички, Шкупи и Тетекс, а вториот од ФК Дојранско езеро со настапи за Гостивар, Детонит Плачковица, Беласица, Хоризонт Турново и други.

ФК Слога деновиве го ангажираше и дефанзивецот Асан Рифадов, млад но исклучително талентиран фудбалер кој доаѓа од ФК Каменица Саса, а стручњаците му предвидуваат успешна кариера.

Сподели: