Манифестацијата „Избор на спортист“ на 23.јануари 2024 г.

На 23. јануари, во 19 часот, во Хотел „Национал“ ќе се одржи традиционалната манифестација „Избор на најдобрите во спортот во 2023 година“, под покровителство на градоначалникот Љупчо Папазов, а со поддршка на Општина Кочани. Изборот на спортистот на годината, на најдобриот тренер, на најдобриот спортски работни и најдобрите клубови, како и признанијата на надежните млади спортисти го изврши Асоцијацијата на новинари, по систем на бодување.

На манифестацијата ќе присуствуваат голем број спортисти и спортски работници од општината, што ќе значи своевиден пресек на постигнувањата во изминатиот едногодишен период, на локално, регионално, државно и меѓународно ниво. Наградите и признанијата на најдобрите ќе им ги врачат истакнати општествено политички работници.

Сподели: