Online пријавување за состојба на водомерите
КЈП Водовод Кочани ги известува своите корисници дека е овозможена нова услуга за online пријавување на состојба на водомерите. Во делот “Состојба на на водомер” на веб страната на КЈП Водовод Кочани http://www.vodovodkocani.com.mk или на следниот линк ( https://vodovodkocani.com.mk/состојба-на-водомер/) корисниците со едноставно пополнување на контaкт формата ќе може да ја пријават новата состојба на нивниот водомер. Во контакт формата е потребно да се внесе Име и презиме, Шифра на корисник, Место на потрошувачка како и да се прикачи слика од водомерот. Откако КЈП Водовод Кочани ќе ги прими податоците, истите ќе бидат внесени во базата со податоци и за корисникот кој ги доставил ќе биде изготвена фактура со соодветната состјоба на водомер. Со почит, КЈП Водовод