„Осогово“ ослабено гостува во Охрид

По вонредното коло во вторник, второлигашите го продолжуваат првенството со натпреварите од 20 коло. Кое се игра в сабота. На програмата се неколку мошне интересни средби, меѓу кои дербито помеѓу прво и третопласираните Беса и Детонит, кое се игра во Добри Дол. Радовишани се осоколени по победата над Пелистер и сигурно сакаат да му за замрсат сметките на лидерот на табелата.

Осогово по малку разочарано патува во Охрид, каде ќе игра против незгодниот Охрид Лихнидос, но за кочанци нема тешки и лесни, бидејќи секој дуел е можност за освојување спасоносни бодови. Еден од проблемите е црвениот картон на Драган Паунов, кој ќе недостасува, но на мака се познаваатјунаците.

Еве ги двојките за ова коло: Охрид Лихнидос- Осогово, Победа – Беласица, Башкими – Новаци, Тетекс – Каменица Саса, Беса – Детонит Плачковица, Пелистер – Кожуф, Аресими – Караорман и Скопје – Вардар Неготино.

Сподели: