Се обновува бојата на оградите во Кочани
Во тек е бојосување на оградите на мостовите и на заштитните огради во Кочани.
Со договорот за бојосување огради што Општина Кочани го склучи по спроведена јавна набавка со фирмата „Политехна-компани“ од Кочани, во тек е бојадисувањето на металните огради во Кочани.
Активностите започнаа од Двојниот мост. Деновиве екипите работат на мостовите на Кочанска Река, а бојата на оградите ќе се обнови и на мостот на Масалница во Оризари.