Започна 12-то издание на фестивалот за хумор и сатира „ IN VINICA VERITAS„
Во рамките на дванаесетото возобновено издание на фестивалот за хумор и сатира “Ин Виница Веритас 2020”, во некое поинакво издание, со ограничен број на посетители, без можност за отварање на изложбата на карикатури како што доликува поради ситуацијата во која се наоѓаме, беа изложени 48 карикатури. Оваа година на овој меѓународен фестивал, објавениот конкурс “На работ од бездната 2020” учествуваа над 270 учесници со над 500 учеснички карикатури од целиот свет.
Изборот на комисијата која е во состав со Благица Стојановскa, Наташа Костовска , Мехмет Кахраман од Турција, Маријана Иванова и Олексеј Кустовски од Украина беше навистина тежок со оглед на тоа што станува збор за врвни карикатуристи. Иако конкуренцијата е голема, изборот едногласно го направија и победничкото место го доделија на Дарко Дрљевич од Црна Гора, на кого во домот на културата му беше и организирана изложба на карикатури во 2018 година. Второто место го зазема Илја Кац од Израел, и третото место Изабела Koвалска од Полска.
Фестивалот за отворен го прогласи градоначалникот Ивица Димитров кој рече
“Со богатиот и разновиден репертоар на културни настани и манифестации во нашата општина последните три години, за кои се одвојува поголема сума на финансиски средства, Виница заслужено го носи епитетот “Град на културата во истокот за 2019 година”.
Изложбата со 48 карикатури од синоќа е отворена за сите посетители кои редовно ќе го следат репертоарот на театарски претстави кои стартуваа со Давид Илиќ, Надица Петрова, Бобан Алексоски во театарската претстава “Не ми го чепкај пивото!” во режија на Ѓорги Ризески од Театар “Златен Елец” – Скопје.