Поскапе вакцината против грип

ГРАЃАНИТЕ КОИ НЕ СПАЃААТ ВО РИЗИЧНИТЕ КАТЕГОРИИ, ЗА ДА СЕ ВАКЦИНИРААТ ПРОТИВ СЕЗОНСКИ ГРИП, ЌЕ МОРА ДА ИЗДВОЈАТ 800 ДЕНАРИ, ШТО Е ЗА ОКОЛУ 25% ПОСКАПО ОД ЛАНИ. ЕПИДЕМИОЛОЗИТЕ ПРЕПОРАЧУВААТ ШТО ПОМАСОВНА ВАКЦИНАЦИЈА ЗАРАДИ НАМАЛУВАЊЕ НА РИЗИКОТ ОД ДРУГИ ВИРУСИ И ПОМАЛКУ БОЛНИ ВО БОЛНИЦИТЕ.

Вакцините против сезонскиот грип во нашата земја треба да пристигнат следната недела. Меѓутоа со новите вакцини ќе дојдат и нови цени, па наместо ланските 650 денари, новите ќе чинат 800 денари, што е за повеќе од 25 % поскапо.  Вакциназијата ќе ја плаќаат граѓаните кои не спаѓаат во ризичните категории, кои на располагање имаат 4000 вакцини. За ризичните категории, како што се хронично болните, бремените жени, лицата над 65 години, децата до 5 години како и здравствените работници, се резервирани 40.000 вакцини, кои ќе ги добијат бесплатно, откако ќе си закажат термин кај матичниот лекар. 

Од Министерството за здравство поскапувањето го објаснуваат со повисоката набавна цена од 650 денари плус 150 денари манипулативни трошоци. 

Неочекуваното и ненајавено поскапување ги револтира граѓаните за кои додатниот издаток е нов удар по џебот и тоа во Ковид кризна ситуација. Особено затоа што епидемиолозите препорачуваат и апелираат граѓаните да се имунизираат, за да се намали ризикот од компликации од другите вируси кои што циркулираат во периодот што следува, и да се спречи дополнително оптеретување на болниците. 

За разлика од нашата држава, каде се доцни, во повеќето соседни земји вакцинацијата започна на почетокот на Октомври. 

Сподели: