Денеска сончево, за викендот облачно и ветровито

Денеска во Кочанската Котлина ќе се задржи сончево време, со мала до умерена облачност и со слаба утринска магла. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Утринската температура се движеше од 4 до 10, а дневната ќе достигне помеѓу 19 до 22 степени.

Во петок и сабота се очекува зголемена облачност со услови за слаб локален дожд. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец, а дневните температури ќе опаднат за 3 до 5 степени. Во деновите по викендот, времето ќе биде претежно стабилно, но со пониски утрински температури.

Сподели: