Кочани прераснува во ново жариште на корона вирусот
Во последните 24 часа се направени 1769 тестирања, а регистрирани се 183 нови случаи на ковид-19.
Регистрирани се заболени лица во сите возрасни групи, но и натаму најголем број се на возраст над 60 години.
Според Институтот на јавно здравје, највисока кумулативна инциденца на 100.000 жители се регистрира во Штип со 2.339,0 на 100.000 жители, Свети Николе (1.540,6/100.000), Куманово (1.190,0/100.000) и Скопје (1.066,0/100.000) , додека инциденца со над 500 заболени на 100.000 жители е регистрирана во Дебар, Ресен, Струга, Пехчево, Македонски Брод, Гостивар, Демир Хисар, Охрид, Тетово, Пробиштип, Прилеп, Берово, Делчево, Кочани, Кичево и Виница.
Во однос на дистрибуцијата по пол, регистрирани се 8.524 машки и 8.255 женски лица. Специфичниот морбидитет кај машките е 822,4/100.000, додека кај женските 799,4/100.000.
Возраста на заболените се движи од 0 до 99 години (просек – 44,2 години). Најголем број на заболени се на возраст над 60 години – 3.714 (22,1%) со инциденца од 969,0/100.000, а највисока специфична инциденца од 1121,4/100.000 се регистрира на возрасната група од 50-59 години (3.118 заболени). Најниска инциденца од 256,5 и 324,1 на 100.000 жители се регистрира кај деца на возраст од 0-9 и 10-19 години, каде се пријавени 587 и 811 случаи соодветно.
Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 17049, бројката на оздравени пациенти е 14186, на починати е 710, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 2153.