Ковид 19 протоколот го одложи фудбалот
ИЗМЕНИТЕ ВО ПРОТОКОЛОТ ГИ ОДЛОЖИ НАТПРЕВАРИТЕ ОД ПРВАТА И ДВЕТЕ ВТОРИ ЛИГИ ОД ФУДБАЛСКОТО ПРВЕНСТВО НА МАКЕДОНИЈА. НАМЕСТО НА 30 ОКТОМВРИ, ОСОГОВО И СЛОГА ПРОТИВ КОЖУФ И РОСОМАН ЌЕ ИГРААТ НА 7-МИ НОЕМВРИ
Натпреварите од 11-то коло на Првата фудбалска лига, како и од 10-то коло на двете втори лиги, Исток и Запад, се одложени за вториот викенд од ноември. Комисија за натпреварување во рамки на Фудбалската федерација на Македонија информира дека поради измени на Протоколот за спроведување мерки за заштита од „Ковид 19“ и стапување на сила на Општиот Протокол за организирање на натпревари, натпреварите од 11. коло на Прва МФЛ и 10. коло на Втора МФЛ – Исток и Запад кои требаше да се одиграат на 31.10.2020. (сабота) и 01.11.2020. (недела), се одложуваат и истите се пренасочуваат за одигрување на 07.11.2020. (сабота) – 11. коло од Прва МФЛ и 10. коло, Втора МФЛ – Исток и Запад на 08.11.2020 (недела).
Еве ги двојките за 10-тото коло во Втората фудбалска лига Исток: „Осогово“ – „Кожуф“ „Слога 1934“ – „Росоман“ „Брегалница“ – „Каменица Саса“ „Тиквеш“ – „Плачковица“ „Кит Го“ – „Победа“.