„ИН ВИНИЦА ВЕРИТАС 2020„ Стенд ап комедија „вештачка интелегенција,природна глупост„
Во рамките на фестивалот за хумор и сатира Ин Виница Веритас, синока се одржа стенд ап комедијата „Вештачка интелегенција природна глупост „ со Никола Тодоровски, на која виничани имаа можност да се насмеат и да уживаат во настапот кој траеше 75 минути.
-“Веќе незнам колку пати ја имам приликата да учествувам на фестивалот “Ин Виница Веритас”, oвој пат со Стендап шоу и секогаш ми е драго што сум дел од овој фестивал. Виничката публика секогаш била одлична, така беше и вечерва. Се обидуваме сите да функционираме во многу отежнати услови, со рестрикции, со протоколи. Се надевам дека публиката уживаше и дека успеавме сите заедно да подзаборавиме на секојдневната тежина што не опкружува со корона кризата и дека барем малку почуствувавме живот во нас и дека барем малку ни се наполнија батериите. Повеќе насмевки, чувајте се и се надевам дека ќе се видиме здрави и живи во следна прилика.” – изјави Никола Тодороски, стендап комичар, познат по својот специфичен хумор.
Вечерва завршува фестивалот за хумор и сатира, ИН Виница Веритас , а на сцената на Домот на културата Тошо Арсов ке се одигра театарската претстава ЈЗУ„ Европа „во изведба на театарот од НУЦК „Ацо Шопов„ од Штип.