Угостителите и кафулињата ке работат до 21 часот. Се забранува и групирање на јавен простор
Денеска Владата излезе со нови рестриктивни мерки за заштита од КОВИД 19. На предлог на Комисијата за заразни болести за скаратување на работното време на угостителските објекти и кафулињата, Владата даде согласност. Дозволено е само да работат за достава на храна и услуга на шалтер.
Се забранува и групирање на граѓаните на јавен простор после 21 часот, а усвоена е и препорака за сите домашни и странски граѓани на територијата на нашата држава после 21 часот да не се движат на јавен простор доколку немаат неопходна потреба.
Новите мерки се очекува да дадат резултати и бројот на новозаразени со КОВИД 19 да се намали.