Пластичен ориз за пластичен сутлијаш !?

ВО ОВА НАЛУДНИЧАВО ВРЕМЕ, КОГА СЕ СОМНЕВАМЕ ДЕКА СЕ Е ВЕШТАЧКО, СЕ ПОЈАВИ И ВЕШТАЧКИ-ПЛАСТИЧЕН ОРИЗ КОЈ ОД КИНА СЕ ШИРИ НИЗ СВЕТОТ. ШТЕТЕН Е И НЕПРЕПОРАЧЛИВ ЗА ЈАДЕЊЕ. ЗАТОА СЛОБОДНО ЈАДЕТЕ СИ КОЧАНСКИ ОРИЗ.

Како што Европа го има Кочанскиот ориз, со најдобри квалитативни карактеристики, така и Кина се гордее со таму познатиот и воедно најскап на пазарот Вучанг ориз, кој името го добил по градот околу кој се произведува. Меѓутоа Кина произведува само 800 илјади тони од оваа сорта, а троши неверојатни 10 милиони тони. Тоа значи дека повеќе од 9 милиони тони ориз кои се продаваат секоја година всушност се лажен ориз! Е токму таков лажен пластичен ориз се нуди на полиците во супермаркетите во делови од Кина со години наназад. Измамата е откриена откако пластичниот ориз се нашол на пазарот во Индија, Виетнам и Сингапур. Дека не се работи за шега туку за сериозен проблем, сведочат предупредувањата на стручњаците во тие земји, кои опоменуваат дека луѓето треба да внимаваат што купуваат, бидејќи доколку се изедат три порции од вештачкиот ориз Wuchang тоа е исто како да сте изеле една пластична кеса, што е исклучително опасно за здравјето

Оригиналниот вучанг ориз е со специфичен вкус и посебен квалитет и затоа на пазарот се продава по тројни повисока цена. Токму цената била причина одделни фирми да започнат на прават лажен ориз, со цел брзо збогатување. За да биде што повеќе налик на оригиналот, за неговата изработка се користени компири и отровни пластични полимери, со што бил речиси идентичен на оригиналниот Wuchang ориз. Разликата е во тоа што после варењето пластичниот ориз останува тврд и се разбира, погубен за здравјето.

По четири години труење, измамата била откриена. Дури се пронајдени и илегални фабрики во Виетнам кадешто се прикажува целиот процес на производство на пластичниот ориз.

Засега нема информации дека овој вештачки ориз стасал во Европа.

Сподели: