Колку пари, толку здравје …

Лекувањето дома ги чини многу пари семејствата, и плус претставува дополнително психолошко оптоварување и неизвесност поради болеста, како кај инфицираниот, така и кај другите членови. Оптоварувањето на буџетот, кое исто така е стресно кога парите не стигнуваат, доаѓа од пропишаните посебни терапии за секој заболен од страна на матичниот лекар, во кои доминираат витамините и суплементите за зајакнување на имунитетот. Ако лековите се на фондот, витамините не се а кај нив цените се мошне високи. Всушност, трошоците започнуваат со тестовите, главно на приватно. А доколку е неопходно да се набави Бетаглукин, кој чини околу 3000 денари, капки за нос 150 денари, спреј Флексоназе – 420 денари. Ако кон овие трошоци се додадат Д димерите, кои чинат по 3500 денари, или оксиметар од 2500 денари, инхалатор 2500 денари, тогаш станува јасно дека здравјето, п и живото чинат многу пари. Кој ги има, и така и така, кој не …

Епидемиолошката слика според последните информации од Институтот за јавно здравје укажува на тоа дека во земјава има широкораспространета локална трансмисија на вирусот, што значи дека освен помали кластери, вирусот е насекаде и тешко се следат контактите. Освен тоа, голем е бројот на лица со одредени симптоми на Ковид 19, па дури и потврдени позитивни на тестови по локалните фирми, кои го кријат вирусот, што од непријатност, но повеќе по наредба на газдите, кои не сакаат за еден заболен, другите вработени да заминат во изолација, што би им го блокирало работниот и производниот процес.

Сподели: