Протоколите усогласени, за викендот фудбал

Комисија за натпреварување во рамки на Фудбалската федерација на Македонија информира дека поради измени на Протоколот за спроведување мерки за заштита од „Ковид 19“ и стапување на сила на општиот протокол за организирање на натпревари,  натпреварите од 11. коло на Прва МФЛ и 10. коло на Втора МФЛ – Исток и Запад кои требаше да се одиграат на 31.10.2020. (сабота) и на 01.11.2020. (недела), се пренасочуваат за одигрување на 07.11.2020. (сабота) – 11. коло од Прва МФЛ и 10. коло,на Втора МФЛ – Исток и Запад на 08.11.2020. Тоа значи дека претстојниот викенд, в недела, на Стадионот Никола Мантов ќе се одигра дуелот помеѓу Осогово и Кожуф од Гевгелија, а на градскиот стадион Филип Втори во Виница средбата помеѓу Слога 1934 и Росоман. Да потсетиме дека и Осогово и Слога во првите натпревари, на отворањето на сезоната во Втората лига Исток, претрпеа порази од овие противници на нивни терен, па сега имаат шанса за реванш.

Од Фудбалската федерација на Македонија информираат дека ги усогласиле условите за продолжување на натпреварувањата согласно препораките од Комисијата за здравство и според протокол кој е прифатлив за здравствените државни институции. Како одговорно фудбалско тело изразуваме надеж дека тимовите ќе се однесуваат максимално сериозно и професионално во однос на почитување на мерките и препораките од здравствениот протокол во услови на организација на натпреварите во време на криза предизвикана од пандемијата Covid-19.

Сподели: