Државната матура ќе се полага во јуни 2021
Oд Министерството за образование и наука информираа дека оваа година ќе се полага државна матура во предвидениот законски рок, односно во месец јуни 2021 година. Од МОН велат дека полагањето на државната матура е обврска утврдена со Законот за средно образование и се спроведува според Правилникот за полагање испити од државната матура. Матурантите до крајот на овој месец треб да ги пријават темите за проектната задача, а до крајот на декември да ги пријават и испитите од листата за полагање, којашто е проширена со уште нови два предмета.
Оваа учебна година која се одвива во поинакви услови , за првпат, матурантите имаат можност за реализација на матурска проектна задача во согласност со условите во кои се одвива наставата и глобалните трендови на културата и младите. Истовремено, во насока на ефективно и организирано полагање на испитите од државната матура, испитните програми по сите наставни предмети ќе бидат со скратени содржини.
Во март годинава училиштата се затворија како мерка против ширење на ковид-19, државната матура во јуни се укина и сите матуранти добија дипломи, со исто важење како и претходните години.