5 најздрави сезонски намирници за силен имунитет
Со ниските температури и студениот бран во овој период од годината, на секој организам му е потребно внесување на поголемо количество на витамини за одржување на имунитетот и на здравјето. Во продолжение ке ви препорачане пет корисни намирници кои не само што штитат од настинки и вируси, туку се препорачуваат да се консумираат секојдневно на вашето мени .
Цвеклото содржи витамини Ц,Б , ПП и Е, како и голема количина на железо, магнезиум , фосфор и други елементи во траги. Него треба да го користите секојднесвно во салати или да го консумирате со облик на цеден сок.
Брусницата се користи за подготовка на овошни напивки и поради нејзиниот киселест вкус многу луѓе редовно ја користат со дневното мени.
Тиквата е здрав сезонски зелечук . Таа може да се пече или да се јаде свежа , потоа да се доде во салата, а од неа може да се направи и вкусна пита. Тиквата се бори против едеми и го отстранува вишокот на течности од телото, а добра е и за црниот дроб и гастроинтестиналниот тракт.
Калинката е можеби најкорисниот сезонски плод. Таа содржи голема количина на витамин Ц, фолна киселина и антиоксиданси, што е особено важно во студената сезона. Од неа може да се добијат витамински сокови, а семките од калинка може да се додадат во салати или да се јадат свежи.
Доцната есен и зима се период на созревање на цитрусите – тоа се портокалите, мандарините и секако, грејпфрутот. Сите тие содржат огромна количина витамин Ц кој нѝ помага да не се разболиме во текот на студениот период, па зимата не можеме да си ја замислиме без цитруси. Тие можат да се јадат свежи, да се исцедат или да се додадат во салати за необичен вкус.