Осогово подобар од Кит Го, Саса од Слога
Осогово во третиот натпревар на свој терен конечно постигна минимална но сосема заслужена победа и прокнижи три значајни бода. Кочанчани го победија мошне солидниот состав на Кит Го, со 1:0, со автогол на еден од гостинските фудбалери.
Второлигашот од Виница, Слога 1934, на гостувањето во М. Каменица, против Каменица Саса, не успеа да направи изненадување, па од градчето на руддарите се враќаат со пораз од 2:0.
Во Гевгелија, Кожуф му откина бод на фаворизираниот Тиквеш, одигрувајќи 1:1. Во Радовиш Плачковица немаше шанси против Брегалница, која на крајот славеше со 3:1. Во Росоман Победа од Прилеп го изненади домаќинот, победувајќи го со 2:1.