Уште два дена со сонце, потоа дожд

Уште само два дена времето ќе биде суво и сончево, а потоа следува дождлив период, кој во регионот ќе донесе препознатлив есенски амбиент. Затоа добро е утрешниот викенд ден да се искористи за прошетки, но и за да се дозаврши некоја работа на отворено.

Во наредните два дена нема да има позначителни температурни промени, а потоа се очекува значителен пад, особено на дневните, и тоа за пет до 10 степени.

Сподели: