Започна ликовната колонија „АРТ ВАРИЈАЦИИ 2020“
Во Кочани почна со работа ликовната колонија „Арт варијации 2020“, што во организација на Здружението за култура, наука и општествени дејности „Стари поток“ се реализира четврта година по ред.
Колонијата е од меѓународен карактер, но поради ситуацијата со коронавирусот оваа година ќе учествуваат само домашни уметници, кои во следните шест денови ќе творат на слободна тема, во сопствена режија од дома.
-На колонијата од Македонија ќе учестувааат десет уметници, Елизабета Зафирова Стојанова, Наде Ѕмбова и Марија Дончева од Кочани, Мики Трендафиловски, Трајан Трајковски и Александар Стефановски од Куманово Од Зрновци ни доаѓаат наставничката по ликовно образование Слаѓана Гаврилова, Нина Савева и Марио Деанов, а додека од Виница ни доаѓа уметничката Благица Стојановска, истакна Љупка Стојменова, претседателка на здружението „Стари поток“.
По завршувањето на колонијата е планирано да се одржи заедничка изложба на отворено, на која пред кочанската јавност ќе бидат претставени изработените уметнички дела.