ВРЕМЕНСКА ПРОГНОЗА 

Времето денеска облачно со магла по котлините

Времето претпладне ќе биде облачно, по котлините магливо, а попладне ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Во крајните јужни делови ќе има услови за слаб дожд. Во западните делови ќе дува слаб до умерен ветер од североисточен правец, информира Управата за хидрометеоролошки работи. Минималната температура ќе биде во интервал од 2 до 8 степени, а максималната ќе достигне од 16 до 22 степена.

Прочитај повеќе
ВРЕМЕНСКА ПРОГНОЗА 

Следните денови стабилно време со утринска магла по котлините

Во следните денови ќе преовладува претежно стабилно време со појава на утринска магла по одделни котлини. Утринската температура в недела, на 1 ноември, ќе се спушти до 0 степени, а дневната ќе достигне 19 степени, информираат од УХМР. В среда, особено во јужните делови, а в петок и сабота на повеќе места ќе има услови за повремени врнежи од дожд. Во петок и за време на викендот ќе дува засилен, повремено силен северен ветер.

Прочитај повеќе
ВРЕМЕНСКА ПРОГНОЗА 

Викенд временска прогноза

Времето денеска ќе биде сончево со слаба утринска магла по одделни котлини и ќе дува слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -1 до 7, а максималната од 20 до 26 степени. Од Управата за хидрометеоролошки работи, најавувата дека времето во следните два дена ќе се задржи стабилно со ниски утрински температури и со услови за утринска магла по одделни котлини. Во сабота облачноста ќе се зголеми, а од недела ќе преовладува променливо облачно време со повремени врнежи од дожд со променлив интензитет. Поради облачноста,…

Прочитај повеќе
ВРЕМЕНСКА ПРОГНОЗА 

Дожд и ветер – викенд временска прогноза

Времето денеска во целата земја ќе биде променливо облачно, посвежо и ветровито, уште од утринските часови со повремени врнежи од дожд. На места процесите ќе бидат поинтензивни во форма на локално невреме со пообилни врнежи (над 30 л/м2), грмежи, силен ветер (над 80 км/ч.) и услови за појава на град. Кон крајот на денот времето ќе се стабилизира. Минималната температура ќе биде во интервал од 12 до 19, а максималната ќе достигне од 18 до 25 степени. До вторник ќе преовладува променливо облачно и посвежо време со повремени врнежи од дожд…

Прочитај повеќе